На денешен ден Бугарија ја призна независноста на Р. Македонија

//

На денешен ден пред 26 години (15 јануари 1992 г. )  Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава под нејзиното уставно име. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Дипломатските односи на ниво амбасади, меѓу двете земји беа воспоставени на 14 декември 1993 г. Интересно е да се спомне дека тогашниот бугарски председател д-р Жељу Желев лобирал за признавањето на Република Македонија од страна на Руската Федерација пред неговиот колега Борис Јелцин.



Претходна статија

Кривичен суд: Василевски, Арнаудов и Бетмен во моментот не штрајкуваат со глад

Следна статија

Новата грчка олигархија

Најново од Вести