АЗМАНОВ: БОКИ 13 СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ИСКОРИСТИ МОЌТА НА МЕДИУМОТ ЗА ДА ИЗНУДУВА ПАРИ

Бизнисменот Зоран Азманов изјави дека најавата на емисијата „Инсајдер“ била безобразна. Ова изјава Азманов ја даде по излегувањето од Обвинителството за гонење на организиран криминал каде даваше исказ за случајот „Рекет“.

Бизнисменот изјави дека дал информации поврзани со „Инсајдер“ медиумски проект на 1тв, од кој беше емитувана само една емисија – таа за самиот Азманов.

Според него Бојан Јовановски познат како Боки 13 се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.