П.КОЛЕВ: ВРЕМЕ Е ЛУКСУЗОТ НА БРАНКО И ЃОРЃЕ ДА ЗАВРШИ
Македонија е единствената сиромашна земја која со закон им гарантира многу среќни денови на бившите претседатели, а притоа граѓаните да се мислат како да преживеат. Оттука, луксузот на пранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов да заврши, категорично предлага ГДУ на Петар Колев. Оттука,
„ГДУ апелира што поскоро во собранието на Република Македонија да се донесат законски измени со кои пензионерските претседателски привилегии. Укажувањето на антикорупциска комисија мора да се почитува и ја поздравуваме секоја иницијатива во насока на промена на работите“, истакна Петар Колев, претседател на ГДУ.
Според ГДУ, овој проблем со години се актуелизира но никако да се реши зашто кога и да се споменеше и ВМРО и СДСМ досега на него ги ставаа најтешките камења за пак да не се појави.
„Во собранието имаше една ваква иницијатива , но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овојпат молчат. Јасно е дека државата треба да се грижи за дигнитетот на своите поранешни претседатели, но тоа никако не овозможува луксуз “, истакна Колев.
Но, категорични се од ГДУ , претседателските привилегии овој пат мора да се скратат, а заштедените пари да се насочат во хуман правец.
„Привилегиите мора да се скратат , а дел од парите кои се даваат за екс претседателите ние како граѓанско демократска унија предлагаме да се пренасочат за операции во странство“, кажа Колев.
Првата прилика, според ГДУ, претседателите Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов ја имаат уште денес и веднаш можат да помогнат на штипјанката Соња Митева чие семејство очајно собира пари за тешка операција во Германија.
Извор: ТВ Стар

