ИЛИЕВСКИ ЈА ИНФОРМИРАЛ ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА СКАНДАЛОТ СО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ

„Денес имав закажана средба во Германската амбасада со луѓето кои што го третираат образованието, културата и другите прашања, беа заинтересирани за она што се случува, а посебно за незаконското унапредување на функционерите како што е министерот за образование и заменикот министер, како и за активностите кои се преземаат против мене во врска со деградирањето на мојата функција од виш инспектор на државен просветен инспектор и повеќе не можам да бидам во високото образование, туку во основното и средно образование“, ова денеска пред германската амбасада каде имаше средба со повеќе лица го изјави просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.