| |

НЕМА ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ В.Д. ДИРЕКТОР НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Основното јавно обвинителство – Скопје за притвор за поранешниот в.д. директор на Централен регистар, Андреа Поповски, кој вчера беше приведен поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата со вработување партиски кадри, јавува НОВАТВ.

– Судија на претходна постапка го прифати предлогот на одбраната на лицето кое беше спроведено во Основниот суд Скопје 1 по пријава на Финансиската полиција, за определување гаранција со мерка за претпазливост. Согласно член 146, став 1, точка 2, 3 и 6 одреди обврска лицето да се јавува во Судот, привремено одземање на неговата патна исправа и забрана за воспоставување контакт со одредени лица поврзани со кривичното дело, информираат од Кривичниот суд.

За останатите спроведени лица за кои се бара мерка за претпазливост се уште трае постапката.



Слични Објави