Здружението „Балкански коридор“ во соработка со Амбасадата на Р. Бугарија додели новогодишни пакетчиња и поддршка за сензорна соба за ученици од посебната паралелка во Кавадарци
Како и секоја година, здружението „Балкански коридор“ од Кавадарци, во соработка со Амбасадата на Република Бугарија, додели новогодишни пакетчиња на децата од посебната паралелка при Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Годинава, покрај новогодишните подароци, беа обезбедени и средства за опремување на сензорна соба во училиштето. Просторот е наменет за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и за олеснување на совладувањето на наставните активности.
Настанот се одржа во присуство на претставници на организаторите, при што беше истакната важноста од континуирана поддршка и вложување во подобрување на условите за образование на децата со посебни потреби.
