ПРЕТСТАВИ,ПЕРФОРМАНСИ, КОНЦЕРТИ И РАБОТИЛНИЦИ НА ГОДИНЕШНИОТ МОТ

Овогодишниот Млад отворен театат (МОТ) ќе понуди вкупно 21 претстава и перформанси, два концерти, работилници и промоции. МОТ го слави својот 44 роденден, започнува на 13 и ќе трае се до 21 септември.

Фестивалот ќе се одвива на повеќе сцени од кои две во МКЦ Скопје, една во Велес во театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“, потоа во Железинчката зграда во центарот на Скопје, Кино Култура, Национална опера и балет, Театар Комедија и Драмски Театар Скопје.

Фестивалот во петок се отвора со „Оваа зграда зборува (на)вистина“.Покрај неа, на фестивалот ќе гостува и познатиот режисер Томи Јанежиќ со својата деветчасовна претстава „Сè уште без наслов“.На музичката програма се најавени два концерти, едниот „TheTigerLillies“, британското кабаре – трио кое беше номирано за Греми. Покрај нив свој настап ќе имаат и култниот Хрватски бенд „Шумски“.