Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
На седницата присуствуваше и претседателот на Владата, Зоран Заев.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.