20 полицајци и 5 службени кучиња од Бугарија веќе се дел од тимот што ја обезбедува Олимпијадата во Париз
Првите 20 вработени во МВР на Бугарија веќе се во Париз и им помагаат на нивните француски колеги во извршувањето на задачите за заштита на јавниот ред и за гарантирање на безбедноста на Олимписките и Параолимписките игри 2024 г, соопшти прес-центарот на бугарското МВР, пренесува Актуално.
Заедно со уште 1.900 полицајци од 44 земји, бугарската полиција активно учествува во мисии за гранична контрола и надзор, на аеродромите во градот Париз и долж внатрешната граница меѓу Франција и Шпанија, се наведува во соопштението.
5 бугарски полициски кучиња, обучени да откриваат експлозиви, исто така се дел од тимот на бугаркото МВР. Тие заедно со своите водичи секојдневно ги пребаруваат сите места кои ќе бидат посетени од публиката на денот на отворањето на Олимпијадата. Тоа се чамците на реката Сена, спортските сали, стадионите и други простории.

