ФИЛИПЧЕ: МИЦКОСКИ ЛАЖЕ ЗА ТЕСТОВИТЕ

//

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника меѓу граѓаните, напиша на Твитер, Министерот за здравство, Венко Филипче.

„Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголема опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните“, напиша Филипче.

Министерот Филипче ги смири граѓаните дека тестови и има, а се набавуваат и резерви од истите.



Претходна статија

ГЛИГОРОВА: ДРЖАВАТА ТРЕБА ДА СФАТИ ДЕКА ВО МОМЕНТОТ СЕ РАБОТИ ЗА ОПСТАНОКОТ НА ЛУЃЕТО

Следна статија

ПРИВЕДЕНИ 28 ГРАЃАНИ, ВКУПНО 59 НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести