|

Одбележуваме 67 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов-Ченто

На 24-ти јули 1957 г. во Прилеп умира МЕТОДИ АНДОНОВ-ЧЕНТО (роден 1902 г. во Прилеп), првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, а потоа и претседател на Народното Собрание на Македонија. Во 1946 г. е осуден од П. Марина, Л. Мојсов и К. Чашуле на 11 години во злогласниот затвор Идризово, на најтешки услови, од кои 59 месеци ги поминува во потполна изолација. Пуштен е на слобода тешко оболен и набрзо потоа умира во маки.

Како председател ги поставува следните основни цели и принципи на автономната македонска држава:

1. Полно единство на народните сили, кои работеле за Македонија, без разлика на убедувања и мината дејност;

2. Ослободување од затворите на сите дејци, кои макар и да врвеле по различни политички патишта, се раководеле од љубов кон Македонија и се готови да ѝ служат и понатаму;

3. Полно почитување на македонските бегалци во Бугарија, кои бројат близу милион души, како четвртиот дел на Македонија и се со заслуги во борбата за слобода покрај другите делови — Вардарска, Егејска и Пиринска. Четвртата Македонија – најмногубројната, најголемата, најкултурната, умот на целокупна Македонија – тоа е македонската емиграција во Бугарија;

4. Најпријателски односи со Бугарија, со која Македонија има крвни врски. Ние се бориме за братство и согласност со сите народи околу нас, на прво место со братскиот бугарски народ;

5. Македонските војници да служат само во Македонија, за да ја бранат од сите непријатели;

6. Никакво враќање на србските колонисти во Македонија, доведени од србските власти со денационализаторска цел. Тие не се жители на НР Македонија. Тие се доведени од србскиот кралски режим за да го потиснат нашиот народ;

7. Ако обединувањето на Македонија наложи потреба од отцепување од Југославиија, тоа да биде сметано за законско.

ОБШТЕСТВЕНО ПОЛИТИЧКАТА ДЕЈНОСТ НА МЕТОДИ АНДОНОВ – ЧЕНТО, Коста Црнушанов

“Во магацинот на Форе Талаганов се запознав со Ченто, при што Форе ми го препорача како солиден патриот. Влеговме во разговор. Тој слободно ми ги разоткри своите намери, а имено „дека треба сите да се вклучиме во новото движење, за да имаме утре право да ги заштитиме интересите на Македонија. Ние сме си Бугари, ама сега под прикритието на Македонци, ќе може да ја имаме слободно думата при решавањето на судбината на Македонија, зашто е сигурно дека Германија ќе ја загуби војната и оти Бугарија ќе биде принудена да го напушти нашиот крај“. Започна спор. Јас категорично му се спротивставив при што му кажав дека јас на српска воденица вода не наливам, затоа што ниту Србите, ни Комунистичката партија не заслужуваат доверба. Само ќе дадеме жртви и ќе се изложиме. На крајот, се разделивме со различни мислења и повеќе не се видовме.

Димитар Давидов од Скопје, член на ММТРО“

ТРАГЕДИЈАТА НА МЕТОДИ АНДОНОВ – ЧЕНТО, Коста Црнушанов



Слични Објави