| |

БНТ на 2 август Илинден ќе го емитува докуметарецот „Бугарите и Македонија-За нея ний се борим, за нея ние мремъ“

На 2 август 2026 г. по повод 123-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание во Македонија и Одринска Тракија Бугарската национална телевизија ќе го емитува документарниот филм „Бугарите и Македонија-За нея ний се борим, за нея ние мремъ“.

Тоа е вториот филм од трилогијата за борбите на Бугарите од Македонија за ослободување од османлиското владеење. Сценариото на филмот е дело на историчарот проф. д-р Димитар Недјалков, режисер е Милена Гетова, снимател е Николај Илиев, оператор на дрон е Иво Чомаков. Музичкото обликување на филмот е дело на Росица Рупчина. Консултанти на документарната лента се проф. д-р Даниел Вачков, доц. д-р Александар Гребенаров, доц. д-р Георги Георгиев и доц. д-р Слави Славов, нарацијата е дело на актерот Мартин Димитров, а продуцент е Анелија Дошева од Edita Productions.

Документарните филмови „Бугарите и Македонија: Македонија во бугарската историја“, „Бугарите и Македонија-За нея ний се борим, за нея ние мремъ“ и „Бугарите и Македонија. Новото ропство“ се создадени во рамките на проектот „Македонија во бугарската историја“, поддржан од Бугарската академија на науките (БАН), Министерството за образование и Воената академија „Г. С. Раковски“.

Истражувањето на историјата се заснова врз строг научен пристап, со непобитни историски факти и автентични историски извори, претставени од различни гледишта, што ги збогатува и проширува рамките на расказот, во кој дејството и крајот им изгледаат познати на гледачите.

„Проектот е замислен со цел да ѝ претстави на бугарската јавност, како и на јавноста во странство, тези за заедничката историја на населението во Македонија и Бугарија, засновани врз научна документација.“, вели за проектот еден од консултантите проф. д-р Даниел Вачков.

„Ова е еден од низата напори што ги вложуваме за утврдување на вистината за историјата на Бугарите во Македонија од далечното минато, поточно од VI–VII век, па сè до денес.“, вели сценаристот на филмовите проф. д-р Димитар Недјалков.



Слични Објави