| |

Еврокомесарката Захариева ќе се сретне со бугарскиот премиер Радев и претседателката Јотова

Еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева, на 23 јули ќе ја посети Бугарија, јавува БГНЕС.

Таа ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев и со претседателката Илијана Јотова. Во програмата се предвидени и разговори со заменик-премиерот Атанас Пеканов и со претседателот на Комисијата за иновации и дигитална трансформација во Народното собрание, Томислав Дончев.

Посетата е дел од тековниот дијалог на Европската комисија со земјите членки за приоритетите на Европската Унија во областа на конкурентноста. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на стартапите, истражувањето и иновациите во идниот долгорочен буџет на Унијата, како и на можностите што произлегуваат од овие приоритети за Бугарија.

Разговорите ќе се фокусираат на значењето на конкурентноста и иновациите за Бугарија, вклучително и на подготовките за следната повеќегодишна финансиска рамка, програмата „Хоризонт Европа“ и улогата на националните и регионалните власти во градењето силни екосистеми за истражување, иновации и стартапи.



Слични Објави