ЕУ за пари или ЕУ за вредности?

//

Facebook статус на Никица Корубин

Кога читаме деновиве, каква била улогата на Бугарија минатата година на самиот почеток на руската агресија на Украина, и колку всушност владата на Кирил Петков имала лидерска улога во ЕУ во чекорите што требале генерално да се превземат; не може а, да не се потсетиме што се случуваше лани кај нас, ова време. Се градеше внимателно цврст, жесток, политички и идеолошки мешан, видлив и невидлив, јасен антибугарски, а всушност антиевропски фронт, кој појавно ќе кулминира на протестите против “францускиот” предлог односно преговарачката рамка на ЕУ, а суштински се’ уште присутен, посилен од било кога. И подеднакво распространет секаде, а се чини прилично и во прокламираните “бастиони” на “про-европејството”.

На страна што оваа анализа на германските медиуми, речиси и не излезе во нашите медиуми, оние истите кои жестоко ја бранат својата слобода и независност од политичко влијание и став, ама ни приближно жестоко не ја бранат потребата за објективно, непристрасно и професионално информирање, кое речиси целосно отсуствува, а најмалку се самокритични за сопствената корумпираност; туку следејќи ја оваа анализа можеме да заклучиме дека овдешната само-прокламирана ЕУ “јавност” и обилно финансиски помогната; всушност лани, во параванот наречен “не по цена на идентиетот” била жесток противник, и тоа во најтешките моменти на опстанокот, на идејата на ЕУ и на целиот демократски свет? Не, дека не знаевме и до сега, но секогаш е добар погледот од дистанца.

Каде е денес таа “јавност”, која лани ја рушеше, не само идејата на ЕУ, туку преку тоа се обиде директно да го загрози и патот на државата кон ЕУ? Ќе претпоставите, на официјалниот пат на државата кон ЕУ. Формално и неформално, како невладин сектор, како секогаш спремни “експерти”, како “слободни ” медиуми и како главни партнери на “формални ЕУ политичари”. Европејци по потреба, а највеќе Европејци за пари. И тоа важи за сите инволвирани, без исклучок. “Парите” се мамката, за некој да се фати на неа, лично и лукративно, а тие се и мамката, за и граѓаните да бидат фатени во неа.

Вредности? Правила? Систем? Дали таа е пораката на денот? Од страна на владата, власта? Обврски? Одговорност? Кој говори за уставните измени, неопходноста од нив, и формалноста на истите? И како точно ги разбираат уставните измени, како последниот чекор до парите или последниот чекор до вредностите? Од одговорот на ова прашање, зависи успешноста на нашиот пат кон ЕУ, односно видливото опструирање на тој пат, кое е толку перверзно видливо, за да го сокрие она невидливото опструирање. Ако може некако “пари без правила”, ве молам.

Хаосот изминативе месеци, веќе јасно и недвосмислено видлив, во секоја област, кој немајте дилема е намерно присутен токму во таква форма и интензитет; е воден по две паралелни патеки. Едната е “формалната ЕУ патека” другата е “про-форма ЕУ патека”. Иако, би требало да се суштински различни, тие се плашам, се суштински слични, а формално различни. И на двете мотив им се “парите”, а не “вредностите”.

И што е најопасно е двете се трудат да докажат, свесно или не, со чинење или нечинење, со намера или неспособност, дека од нас “држава не бива”. И ако е така, од “што држава бива”? Која е резервната опција “која виси во воздухот”, кај нас и во регионот? И која веднаш ќе биде тука за нас, да ни пружи “утеха и заштита”, да се грижи за нас и да не’ признава како “ексклузивни Македонци” кога ЕУ и САД во даден момент “ќе кренат раце од нас”, затоа што “потрошивме на вас милиони, ама ако вие не сакате држава со вредности”, што можеме ние? Зошто е толку битно да докажеме дека сме “неспособни”? Кој треба да биде нашиот “негувател” и “заштитник”?

И двете патеки одат кон ЕУ, ама се плашат од ЕУ. И двете патеки потсвесно ги живеат туѓите империјални митови. И двете патеки не покажуваат храброст за суштински промени. И двете патеки внатрешно се поделени. Но, само едната фактички ќе не однесе во ЕУ. И таму ќе бидат парите. Ќе ги гледаме, ама нема да може да ги користиме. Освен можеби, “избраното друштво” кое и со нив, се обиде да не тргне од ЕУ; се’ додека не ги поминеме “стандардите, критериумите и вредностите”. Ќе има пари, ама прво вредности. И тоа ќе зависи од нас самите.

Покрај многу работи кои за среќа не зависат од нас самите, односно не зависат од “формалните Европејци”, во кои ја полагаме надежта. И покрај нивниот самопрегорен, беспрекорен труд да ни покажат колку ја “сакаат ЕУ” тие несвесно ни покажуваат колку ги сакаат “парите” односно сопствените лични, лукративни и партиски интереси; и колку суштински со секоја постапка (не)свесно работат против суштината на идејата на ЕУ и демократскиот свет.

Изгубени во своето флагрантно неразбирање на моментот и историчноста на истиот, по истата матрица на неразбирањето на историјата и политиката воопшто, заробени во предрасудите и наследените и наметнати антагонизми, и навјасани од “привилегираните” кои “тронот не го отстапуваат”; да не останат изненадени кој тоа пат, всушност ќе не’ одведе во ЕУ: формалниот или про-форма патот? Се’ додека не сватат дека ЕУ е идеја во која треба да веруваш повеќе од било кога, а не пари со кои треба да бидеш “подмитен”. Ако вербата се’ уште постои. А, постои. И покрај сите обиди да ја уништите.



Претходна статија

Бугарското МНР ќе ја повика амбасадорката Руси за да ѝ врачи протестна нота поради синоќешното претепување на Христијан Пендиков во Охрид

Следна статија

Невладини организации на македонските Бугари со реакција до државниот врв во РС Македонија по претепувањето на секретарот на здружението „Цар Борис III“ Христијан Пендиков

Најново од Ваш став