| |

Министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев приреди прием за дипломатскиот кор по повод празниците

Mинистерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, вчера го приреди традиционалниот прием за дипломатскиот кор во земјата по повод Божикните и Новогодишните празници.

Во своето обраќање, Георгиев ги истакна клучните надворешнополитички успеси на Бугарија, меѓу кои целосната интеграција во Шенген од 1 јануари 2025 година и очекуваното пристапување кон еврозоната од 1 јануари 2026 година.

Министерот го нагласи и продлабочувањето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и ангажманот на Бугарија во напорите за мир во Украина и за одржливо решение на состојбите на Блискиот Исток.

На крајот, Георгиев упати празнични честитки со желби за мир, безбедност и благосостојба.

Слични Објави