ИЗЛОЖБА НА ДЛУМ „МАЛ ФОРМАТ“ ВО ПЛОВДИВ

Истакнато Култура

Во галерискиот простор на Друштвото на ликовни уметници на Пловдив во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија утре во 20 часот во Пловдив, Р. Бугарија, ќе биде отворена изложбата „Мал формат“.

Во рамки на изложбата ќе бидат претставени дела на повеќе од 50-тина автори членови на ДЛУМ од цела Македонија, меѓу кои Ана Темкова, Александар Јанкуловски Цане, Емилија Божиновска, Кирил Гегоски, Филип Фидановски, Дијана Томиќ Радевска,Ангел Димовски Чауш, Маја Кировска и други.