11 ЛУЃЕ ИСЧЕЗНАА ВО ВУЛКАНСКАТА ЕРУПЦИЈА НА НОВОЗЕЛАНДСКИОТ БЕЛ ОСТРОВ

Владата на Австралија потврди дека 11 туристи од Австралија се водат како исчезнати откако вчера еруптираше вулканот за време на туристичката посета на група туристи меѓу кои се наоѓале и исчезнатите.

Потврдено е загинувањето на 5 туристи, а 13 се хоспитализирани, од кои неколкумина со изгореници опасни по живот.

47 туристи се наоѓале во кратерот на вулканот на Бел остров, кога почнал да исфрла лава.

Новозеландската премиерка побара одговори и одговорност кој дозволил туристички групи на островот со активен вулкан, во време кога траело предупредување дека тој можеби ќе се активира.