ИСЧЕЗНАЛ АВИОН СО 38 ПАТНИЦИ КОЈ ТРЕБАЛО ДА СЛЕТА НА АНТАРКТИК
Исчезнал авион со 38 луѓе кој требало да слета на Антарктик. Во тек е обемна потера по авионот!
Контактот со авионот бил загубен само еден час по неговото полетување.
Воздухопловството на Чиле објавило дека ја загубило врската со воениот авион Ц 130 во кој имало 38 луѓе, авионот полетал од Пуерта Аренас на југот на земјата кон базата на Антарктикот.
-Авионот Ц13- Херкулес полетал во 16-55 часот по локално време(20-55 по средно европско) од градот Пунта Аренас кон антарктичката база Претседател Едуардо Фреи, соопштила чилеанската војска.
Во авионот имало 38 лица,од кои 17 биле членови на екипажот.
Според истиот извор веќе е објавен аларм и започната е операција на спасување во која учествуваат бродови и авиони на чилеанската морнарица и војска.
Авионот превезувал лица кои требало да ја прегледаат нафтената платформа преку која воената арктичка база добива нафта.
Според последните агенциски извештаи чилеански воен авион „Ц-130 херкулес“ со 38 лица во него кој исчезнал од екраните на радарите еден час по полетувањето се урнал.
Извор: Канал 5

