|

11 Бугари кои побарале евакуација безбедно го напуштиле Јордан

Единаесет бугарски државјани кои побарале евакуација успешно ја напуштиле територијата на Јордан, изјави утрово бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев. Меѓу нив, осум лица се учесници во програмата „Еразмус“, а останатите тројца се членови на нивните семејства.

Георгиев нагласи дека Бугарија е подготвена за евакуација на сите бугарски граѓани кои сакаат да ја напуштат територијата на Иран и Израел поради влошената безбедносна состојба.

„Наш приоритет е безбедно извлекување на нашите сограѓани од погодените региони. Во Израел има повеќе бугарски државјани кои сакаат да бидат евакуирани, а нивните имиња постојано се ажурираат. Не се сите сместени на едно место – не се само во Тел Авив. Во Иран има неколку лица, но бројката таму е значително помала“, изјави министерот во интервју за Бугарската национална телевизија.

Тој истакна дека воздушна евакуација од Израел во моментот е невозможна.

„Дури и со неворужено око е јасно – кога во небото летаат ракети, невозможно е да слета какво било летало. Воздушниот простор над Израел е затворен, а оној над Јордан се отвора повремено, но со многу кратки безбедносни интервали. Затоа, сега единствена опција е евакуација по копнен пат кон зони со помал ризик – не целосно безбедни, но помалку ризични. Времето кога нема напади е премногу кратко, што сериозно ги ограничува нашите можности, но ќе направиме сè што можеме за да ги искористиме тие моменти на најбезбеден можен начин за нашите луѓе“, додаде Георгиев.

Слични Објави