Османи за референдумот: Освен прашање „Дали сте против ЕУ со македонски јазик во него“, не знам за што друго би имало референдум

/

Министерот за надворешни работи вели дека единствено логично прашање на евентуален референдум би требало да биде „Дали се против ЕУ со македонски јазик во него“. Според него сите прашања кои се важни за Македонија се обезбедени и дека се друго е рушење на евроинтегративниот пат.

– Освен ако референдумското прашање не биде „Дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било „Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ? Друга причина за референдум навистина не гледам , оцени Османи.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Седум момчиња признаа вина за дивеењето пред Собранието на протестите против Францускиот предлог

Следна статија

Беџети: Ние можеме да се разделиме од анти-европското МАНУ без двоумење

Најново од Вести