Седум момчиња признаа вина за дивеењето пред Собранието на протестите против Францускиот предлог

/

Седум од вкупно осум обвинети признаа вина на денешното рочиште за настаните пред Собранието. Тие кривично се гонат бидејќи го искршиле Собранието и повредиле полицајци за време на протестите против Францускиот предлог.

Тие се согласија дека доброволно го даваат признанието и се каеја за стореното.

Младен Ристовски, Иван Јосифовски, Славчо Симоновски, Бојан Стефановски, Никола Михаиловски, Виктор Стојков, Антонијо Величковски, Штефан Шуман сега ќе чекаат пресуда. Се гонат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.

Според обвинението, тие ја оштетиле собраниската зграда и повредиле 23 полицајци, од кои еден потешко.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

(Видео) Перев: Говорот на омраза што се наметнува во РС Македонија е најголемиот проблем во односите меѓу Скопје и Софија

Следна статија

Османи за референдумот: Освен прашање „Дали сте против ЕУ со македонски јазик во него“, не знам за што друго би имало референдум

Најново од Вести