|

ПОЧНА ПРЕДУПРЕДУВАЧКИОТ ШТРАЈК НА НАСТАВНИЦИТЕ

Наставниците на територијата на Македонија стапија во штрајк, поради како што велат, неисполнетите ветувања за покачување на платите.

Тие истакнаа дека ќе останат на работните места но засега без работни обврски.

Од СОНК уште еднаш кажаа дека ова е предупредувачки штрајк и дека доколку власта остане глува за барањата на наставниците, штрајкот ќе се радикализира.

Од синдикатот додаваат дека очекуваат во иднина од Министерството за образование и наука да понудат компромис и овие проблеми да се надминат.

Слични Објави