Седумгодишно момче се удави, а неговата сестра се води за исчезната кога ураганот Доријан вчера ги погоди Бахамите.
Доријан нанесе катастрофална штета на неколку острови на Бахамите, пренесува Си Ен Ен. Голем број згради и куќи се уништени или делумно поплавени.
Со оглед на тоа дека ураганот се приближува до американското копно, гувернерот на Јужна Каролина Хенри Мекмастер прогласи задолжителна евакуација на брегот и населените места кои се на патот на ураганот. Евакуацијата опфаќа 830.000 жители, а за многумина ова ќе биде четврта евакуација во последните четири години.
Вонредна состојба е прогласена на Флорида, каде се мобилизирани 2.500 припадници на Националната гарда, а 1.500 се во состојба на подготвеност.
Вонредна состојба е прогласена и во 12 окрузи во соседна Џорџија со цел да им се помогне на настраданите во бурата.