| |

Одбележуваме 75 години од стрелањето на Андон Калчев, организатор и еден од основачите на „Охрана“

Андон Калчев роден на 20 септември 1910 г во костурското село Жужелци, во фамилијата на Христо Калчев, која е со долги традиции во ВМРО. После крајот на втората балканска војна и почетокот на насилствената хеленизација на македонските Бугари од страна на грчката држава, тој и неговото семејство емигрираат во градот Балчик во Бугарија. Калчев завршува трговска гимназија во Софија во 1931 г и заминува за Германија, каде што студира економија во универзитетот во Лајпциг. Дипломира во 1934 г, а подоцна во 1939 г. веќе е доктор на науки. Се враќа во Бугарија и ја завршува Школата за запасни (резервни) офицери во Софија.

После поразот на Грција од Германија во април 1941, Калчев веќе со чин на поручник е меѓу основачите на “Охрана”-организација создадена да го брани наслението во Беломорието од репресиите на грчките паравоенни единици како и од прогркоманските комунистички чети на ЕЛАС. Во 1944 “Охрана” брои околу 12 000 доброволци од локалното население и селска милиција, во организацијата се вклучуваат и доста стари членови на ВМРО. По поразот на Германија во Втората светска војна и реокупацијата на беломорска Македонија од страна од грчки и југословенски партизански формации “Охрана” е распуштена.

Калчев е заробен во Битола од титовите партизани кои го предаваат на Грците. На 10 јуни 1946 од страна на специјален суд е осуден на доживотен затвор, лежи 2 години во самица во затвор на островот Крф. Кон крајот на граѓанската војна во Грција, на база на привремен грчки воен закон кој важи три години од крајот на Втората светска војна Калчев е осуден на смрт и стрелан на 27.08.1948 во 5:30 часот наутро во солунскиот затвор „Еди куле“. Неговите последни зборови пред да го стрелаат биле „Ура Македонија!“.

Во Балчик е поставена спомен-плоча посветена на Андон Калчев во знак на почит кон споменот и делото на заштитникот на Бугарите во Егејска Македонија.

Слични Објави