Почнува јубилејното 10-то издание на „Капана фест“ во Пловдив
Јубилејното десето издание на „Капана фест“ во Пловдив почнува денеска на мостот над улицата „Гладстон“, информираат организаторите на фестивалот, пренесува БНР.
„Капана фест“ е настан во срцето на градот кој вдивнува нов живот во заборавениот урбан простор на квартот „Капана“. Фестивалот ќе трае до 22 септември и ќе им понуди на посетителите најдоброто од бугарската поп, алтернативна, хардкор и хип-хоп сцена. Програмата вклучува и настапи на талентирани изложувачи, вкусни гастрономски понуди, културни инсталации и значајни општествени каузи.
Оваа година фестивалот застанува зад кампањата „Ниту едно дете повеќе“, која има за цел да ја изрази поддршката кон сите родители што ги загубиле своите ангелчиња во „војната на патиштата“ – национална иницијатива во чест на загинатите деца во сообраќајни несреќи.
