| |

„Кавазаки Моторс“ и бугарската компанија „Дронамикс“ во стратешко партнерство за развој на авио-мотори

Јапонскиот произведувач на мотори, мотоцикли и моторни возила „Кавазаки Моторс“ објави стратешко партнерство со бугарскиот произведувач на цивилни беспилотни летала „Дронамикс“, пренесува БНР. Двете компании ќе работат на развој на мотори за јапонскиот производител за различни воздухопловни апликации и нивна интеграција во водечката платформа на бугарската компанија – „Блек Суон“ (Black Swan). Станува збор за цивилен товарен дрон способен да пренесува до 350 килограми товар на растојание од 2500 километри, јавува БТА.

Од „Дронамикс“ истакнуваат дека соработката дополнително ги зајакнува врските со јапонската индустрија, имајќи предвид дека јаглеродните влакна кои се користат во изработката на „Блек Суон“ доаѓаат токму од Јапонија. Ова, според компанијата, отвора можност за целосно јапонска верзија на беспилотниот летачки апарат, наменета не само за цивилен товарен транспорт, туку и за помош при природни катастрофи, снабдување со итни материјали, гаснење пожари и други мисии.

Слични Објави