Во Истанбул со богослужба на бугарски јазик му беше оддадена почит на ктиторот на Железната црква Стефан Богориди
Во истанбулската црква „Ангелски собор“, која се наоѓа во населбата Арнавуткјој, по првпат по 166 години беше одржана богослужба на бугарски јазик, во спомен на починатиот бугарски државник и дипломат Стефан Богориди (1775–1859), jавува БНР-Крџали.
На панихидата беа присутни членови на цариградската бугарска заедница, општествени дејци и духовници кои оддадоа почит кон личноста која има значајна улога во историјата на бугарската црковна и национална самобитност во Османлиската империја.

Меѓу присутните беше и Христо Копано, заменик-претседател на управниот одбор на Фондацијата на „Православната црква на Бугарската Егзархија“ во Истанбул и долгогодишен претставник на бугарската заедница во градот.

Стефан Богориди бил висок османлиски службеник и реформатор кој го користел своето влијание во корист на Бугарите. Тој донирал земјиште и средства за изградба на православни храмови, вклучително и за познатата Железна црква „Свети Стефан“ во Истанбул — симбол на бугарското духовно присуство во градот.
