МНР на Бугарија: Очекуваме надлежните органи во РСМ да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент
Министерството за надворешни работи најостро ги осудува инцидентите од 27 јули 2023 година во градот Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на ПФК „Левски“, а еден од нив беше особено тешко повреден. Ова стои во позицијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија по настаните што се случија вчера пред и по фудбалскиот натпревар меѓу ПФК Левски и фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје.
Ранетиот бугарски државјанин моментално е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операцијата во болница во Скопје. Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот сонародник и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти.
Жалиме што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните активности за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент.
Уште еднаш ја нагласуваме клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани.