Концерт „Музика. Сега“ на 12 декември во Скопје со диригент маестро Емил Табаков и солистот Александар Гордан
Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје најавува исклучителен музички настан што ќе се одржи на 12 декември со почеток во 20:00 часот во Филхармониjaта на Северна Македонија. Под наслов „Музика. Сега“, концертот ќе претстави богата симфониска програма со врвни уметнички интерпретации.
Во Концертната сала ќе настапи Филхармонијата на Република Северна Македонија под диригентската палка на светски познатиот бугарски диригент маестро Емил Табаков. Како солист ќе се претстави истакнатиот музичар Александар Гордан, чиј настап се очекува да донесе дополнителна уметничка димензија на концертната програма.
Настанот е организиран со поддршка на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, со цел унапредување на културната размена и промовирање на високата музичка уметност.
Билетите се достапни на билетарата на Филхармонијата.

