|

Столтенберг: САД ќе останат силен сојузник на НАТО без разлика кој ќе стане претседател

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека очекува САД да останат „силен и посветен“ сојузник на Алијансата, без оглед на исходот од претстојните претседателски избори во САД.

Во Вашингтон, за време на обраќањето пред новинарите, Столтенберг изрази уверување дека членките на Алијансата ќе останат посветени Украина да стане членка на НАТО и додаде дека се уште е рано да се каже кога тоа ќе се случи.

Тој изјави дека Алијансата не гледа непосредна воена закана за ниту една од сојузничките земји, посочувајќи дека Русија е целосно окупирана со војната во Украина.

Слични Објави