„La Donna“ – концерт на Тамара Ангеловска, Марио Јоцов и пријатели на 14 ноември во Софија
На 14 ноември во City Mark Art Centre во Софија со почеток од 19 часот ќе се одржи концертот „La Donna“ на Тамара Ангеловска, Марио Јоцов и пријатели.
„Со огромна радост и возбуда би сакала да ве поканам на мојот прв солистички концерт во City Mark Art Center. Оваа посебна вечер ќе ја споделам со извонредниот Марио Јоцов, прекрасен квартет и драги колеги – пејачи и инструменталисти, со кои заедно ќе создадеме незаборавно музичко доживување. За мене ќе биде чест да го споделам овој важен момент со вас“, стои во најавата на Ангеловска на социјалната мрежа Facebook.
Тамара Ангеловска е оперска пејачка и актерка од Северна Македонија. Таа живее и работи во Бугарија, каде што е дел од различни театарски и филмски продукции. Со оперската уметност настапувала на сцени во Италија и Србија.
Тамара има повеќе успешни улоги како оперска пејачка низ Европа, учествувала на премиера на „Дон Жуан“ во Италија, а има одржано и солистички рецитали во Рим, како и концерти и рецитали во Рим и Скопје.

