МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХЕОЛОГИЈА ВО СТОБИ
На археолошкиот локалитет Стоби во тек е реализацијата на меѓународната летна школа за археолошки ископувања на која учествуваат осумнаесет студенти од САД и Канада …
Студентите во моментот работат на археолошките истражувања на просторот помеѓу Теодосијанската палата и т.н. објект „Затвор“. Целта на овие истражувања во рамките на летната школа е да се објасни меѓусебна релација на двата објекти.
Школата која е во организација на Националната установа „Стоби“ во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Софија, Република Бугарија ќе се одвива до 22 јули годинава.

