„КРУЖНО ПАТУВАЊЕ НА МОНАХОТ” СО НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР АНИМИРАН ФИЛМ НА BALKAN FILM FOOD FESTIVAL ВО ПОГРАДЕЦ

/

Новиот анимиран филм од поредицата „Кружно патување”, „Кружно патување на монахот” во режија на Жарко Иванов, викендов ја освои наградата за Најдобар анимиран филм на Balkan Film Food Festival во Поградец.

По светската премиера на филмот во Билбао на фестивалот за анимиран филм Animakom, во август ќе биде прикажан на еден од најважните светски фестивали за анимиран филм -17-то издание на Меѓународниот фестивал на анимириан филм Хирошима, во програмата „Animation from the world”.

Домашната премиера ќе ја има во Охрид на новиот Beach Film Festival (19-22 Јули), а во исто време ќе биде дел од Официјалната конкуренција на најголемиот руски фестивал за анимиран филм, Insomnia Animation Film Festival, со повеќе од 6.000 илјади посетители. Во текот на летото ќе биде прикажан на фестивали во Италија, Романија, Словенија и Косово.





Претходна статија

МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХЕОЛОГИЈА ВО СТОБИ

Следна статија

ОД 13 ДО 15 ЈУЛИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 45-ТО ИЗДАНИЕ НА ГАЛИЧКАТА СВАДБА

Најново од Истакнато