ОД 13 ДО 15 ЈУЛИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ 45-ТО ИЗДАНИЕ НА ГАЛИЧКАТА СВАДБА
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинашното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Покровител на манифестацијата годинава е претседателот на Владата, Зоран Заев …
Свадбарските обичаи ќе започнат во сабота на 14 јули, со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ ќе го кажат во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ в недела. Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови.
На манифестцијата учество ќе земат околу 250 луѓе (статисти облечени во автентични галички носии, претставници на културно-уметнички друштва и други. Манифестацијата „Галичката свадба“, меѓудругото, традиционално се реализира и со поддршка на Министерството за култура.