| |

ФРЧКОСКИ БАРА 14,5 ИЛЈАДИ ЕВРА ОШТЕТА ОД СТОЈАН АНДОВ ЗАРАДИ НАВРЕДА

Универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчкоски бара од Стојан Андов оштета од 14, 5 илјади евра заради тврдењата изнесени во книгата на Андов „До атентатот и по него“.

Привремената мерка на првостепениот суд стапила на сила на 11 март 2019 година, а важи до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета.

Адвокатот на Фрчкоски на рочиштето изјавил дека книгата на Андов изобилува со „клеветнички факти“, неосновани, непоткрепени и целосно бесмислени, тешки обвинувања за тужителот со намера да му се нанесе штета по неговиот углед, без притоа да се направи проценка за последиците кои содржината и пораката на оваа книга ќе ги предизвикаат во јавноста и за неговото семејство.

Адвокатот на Андов, пак, посочил дека наводите се изнесени во книжевно дело, каде тужениот имал основана причина да поверува во нивната вистинитост, бидејќи станува збор за носител на јавна функција и е од јавен интерес. „Најголем дел од клеветничките изјави се изјави на други луѓе и јавно објавени, а се однесуваат на наводите во врска со атентатот на тогашниот претседател Киро Глигоров“, изјавил адвокатот на Андов на рочиштето.

Слични Објави