| |

Во Одеса ќе се одржи Фестивал на бугарската култура

Во украинскиот град Одеса ќе се одржат серија настани под името ,,Мултикултурни седници”. Во рамките на овие настани секоја една од дијаспорите во градот ќе има можност да ја претстави својата култура и традиција на различни платформи и во различни формати. Тоа го изјави градоначалникот на градот Одеса, Генадиј Труханов, за време на седницата на советот на ,,Асоцијацијата на националностите на Одеса”.

,,Во парковите, библиотеките, салите и ресторанот во градот ќе се потрудиме да ја покажеме културата на секоја една нација на возможно најдетален начин”, додаде градоначалникот на Одеса.
На 25 мај во Градската градина граѓаните и гостите на градот ќе можат да се запознаат со традициите на една од најголемите дијаспори во Одеса- бугарската, јавува Бесарабски фронт.

Слични Објави