| | | |

(Видео) Рајков: РСМ треба да се држи до договорите што ги потпишала

,,Очигледно станува збор за една одредена несозреаност. Во период на избори лесно се даваат ветувања во таа смисла и егзотични. Во конкретниот случај какви и да биле ветувањата или т.н вербални исфрлувања, тоа што треба да биде направено од Скопје за да се обезбеди патот на РС Македонија кон ЕУ, макар и во некоја далечна иднина е очигледно. Пред се Скопје треба да се држи до договорите што ги има потпишано земјата. Тоа јасно беше кажано од Комисијата и е позиција на 27 членки на ЕУ. Пред очите на европската јавност сите ние видовме како во предизборниот период се залага на една антибугарска, антигрчка и во суштина антиевропска реторика”. Со овие зборови амбасадорот на Бугарија во Обединетото Кралство и поранешен службен премиер Марин Рајков, пред БГНЕС ја коментираше антибугарската реторика на македонските политичари за време на изборната кампања и дипломатскиот скандал што го предизвика новата претседателка на земјата Гордана Силјановска Давкова, кршејќи го Преспанскиот договор за време на нејзината заклетва.

„Доколку има елемент на блокирање на процесот што ќе доведе до почеток на преговорите, тоа е пред се самоблокирање од страна на Скопје. Бугарија не е причината зошто Скопје не може да ги започне преговорите, причината е во неподготвеноста да го имплементира Договорот од 2017 година (за пријателство, добрососедство и соработка), неподготвеноста да продолжи оперативно и брзо кон промена на Уставот, така што бугарскиот народ во РСМ да добие уставна гаранција за своите права. Видовме дека има потреба од такви уставни гаранции – оваа потреба е еклатантна и видлива, особено по сите напади што беа извршени врз бугарските друштва и поединечни припадници на бугарската заедница во РСМ“, објасни дипломатот.

Марин Рајков и покрај сѐ останува оптимист.

„Нема алтернатива, ниту во исполнувањето на очекувањата на ЕУ, ниту во исполнувањето на она што, во очите на бугарската јавност и сите соседи, може да ја претвори РСМ во навистина добар партнер на нејзиниот пат кон ЕУ. Верувам дека иднината ќе им донесе, а и на регионот, радикална промена во начинот на зборување и начинот на размислување. Не е можно се што е наследено од југословенскиот период да се зачува и легитимира во европскиот процес. Тоа е невозможно, а наивно е да се лансира ваква политичка програма со преправање дека ќе биде прифатена од нашите европски партнери“, рече Рајков.

Запрашан кои се последиците од геополитичкиот проект на Белград „Српски свет“ и српската интервенција во Косово, Босна, Црна Гора и Северна Македонија, бугарскиот дипломат посочи дека европската интеграција е условен процес, бидејќи од секое општество се очекува да оди по одреден пат, за покривање на одредени услови.

„Мое длабоко убедување е дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан нема алтернатива. Дали тоа ќе се случи брзо или побавно е прашање кое целосно зависи од капацитетот за реформи во секоја од овие земји. Тоа се нашите соседни земји со кои имаме интерес да одржуваме совршени односи. Од оваа гледна точка, не можеме, а да не ја поддржиме нивната евроинтеграција и ја поддржуваме без никакво сомневање“, нагласи Рајков.

„Оставањето зад себе државната идеологија наследена од тоталитарното минато е прв чекор. Верувам дека и Србите и народот на РСМ, со кои имаме заедничка историја и потекло, ќе можат да чекорат по овој пат“, рече тој во заклучок.

Слични Објави