| |

ДИК: ДИЈАСПОРАТА ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Дијаспората ќе може да гласа на референдумот, но во ДИК постојат разни мислења дали гласањето треба да се одвива во амбасадите или иселениците ќе треба да дојдат во Македонија. Членот на ДИК, Јанаќе Витановски потенцира дека на референдумот на 30 септември ќе може да гласа и дијаспората во дипломатско конзуларните претставништва како што е наведено во предложениот Правилник за организирање и спроведување на референдумот. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху ја повика дијаспората да дојде во Македонија и тука да го реализира своето избирачко право. Нови членови на највисокото изборно тело во државата, кои беа избрани на 25 јули годинава од Собранието се: Оливер Дерковски – претседател, Дитмире Шеху – потпретседателка и членови: Елизабета Постоловска, Јанакие Витановски, Борис Кондарко, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

 

Слични Објави