ПРЕТРЕС ВО ФИРМАТА ОД КОЈА РАШКОВСКИ ГО КУПИ СОФТУЕРОТ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ
По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денес е извршен претрес во фирмата „Инвоука гроуп“, која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци што го спроведе Генералниот секретар на Владата во време кога со него раководеше Драги Рашковски.
Од ОЈО за Слободен печат потврдуваат дека се вршат претреси во седиштето на фирмата и други субјекти.

