Бугарските банки покажаа раст на добивката за 190 милиони евра

Според извештај на Бугарската народна банка, добивката на банкарскиот систем во земјата, заклучно со 30 септември, достигна 1,1 милијарда лева (550 милиони евра), што е 55,6 отсто или 390 милиони лева (190 милиони евра) повеќе во однос на првите девет месеци од 2020 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, од почетокот на 2021 година има зголемување на добивката на бугарските банки, додека во 2020 година има пад на нивните финансиски резултати. Причината е послабата економска активност во вонредната состојба поради Ковид-19, пренесува Бизнис Вести.

Сопствениот капитал на банките во билансот на банкарскиот систем во Бугарија во третиот квартал од 2021 година се зголеми за 247 милиони лева (123,5 милиони евра) или (1,5 отсто) на 16,3 милијарди лева (8,1 милијарди евра) со придонесот на зголемената добивка во периодот.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави