| |

АМБАСАДА НА САД ЗА АКЦИЈАТА „ДВОЈНИК“: НЕ КОМЕНТИРАМЕ ИСТРАГИ ШТО СЕ ВО ТЕК, СОРАБОТУВАМЕ СО МВР

Не коментираме истраги што се во тек. Амбасадата на САД има тесна соработка со Министерството за внатрешни работи, како и со другите владини министерства и институции во Северна Македонија, за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законот и владеење на правото, вклучувајќи регионална соработка за спроведување на законот и борбата против тероризмот, истакнаа од Амбасадата на САД.

Одговарајќи на прашање на „360 степени“ за случајот „Двојник“ за незаконското издавање пасоши со украден идентитет, од Амбасадата на САД во земјава додале дека се во тесна соработка со министерствата за внатрешни работи и правда, обезбедуваат техничка помош, форензика, обука и опрема за да се подобрат капацитетите за спроведување на законите и на правосудните институции.



Слични Објави