ВМРО БАРА ПОНИШТУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ВО ТУРЦИЈА

//

ВМРО ја оспори законитоста на парламентарните избори во Бугарија во делови на Турција.

Заменикот на лидерот на партијата Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски испратил писмо до Владата на Бугарија, Обвинителството, Врховниот административен суд, Врховниот касационен суд и Народното собрание, во кое тие институции се повикуваат да побараат изборите во Турција да бидат објавени за неважечки од страна на Уставниот суд.

Во своето писмо Џамбаски наведува голем број прекршоци на изборниот процес меѓу кои, водење на предизборна пропаганда на туѓ јазик, групно гласање, незаконска кампања од членови на одделни изборни комисии, кршење на правилата за броење итн.



Џамбаски го определува резултатот на ВМРО-БНД на изборите како не лош и додава дека тие имаат интерес од нови избори, но тоа не е во интерес на Бугарија.

Дури и барањето за поништување на изборите во Турција да биде прифатено ВМРО-БНД нема да добие плус гласови на своето конто, туку коалицијата Демократска Бугарија ќе ја измести протурската партија ДПС од 4-тото место во финалниот распоред на партиите кои влегуваат во парламентот по изборите во Бугарија.

Претходна статија

„НЕКА БИДАМ САМ“- НОВА ПЕСНА НА ПЕЈАЧОТ БОБАН АПОСТОЛОВ

Следна статија

ВО НОРВЕШКА ПРЕД ЗАКОНОТ СИТЕ СЕ РАМНИ: КАЗНА ЗА ПРЕМИЕРКАТА СОЛБЕРГ

Најново од Вести