ИГРАЧ ИЛИ ИГРАЧКА?! СЕКОЈ САМ СИ ИЗБИРА!

Зошто животот им ги задава најтешките битки на најголемите борци? Зарем животот е толку суров. Зошто животот за едни е мајка, за другите маќеа? Зошто некои моменти му го решаваат животот на човекот? Зошто луѓето погрешно нѐ разбираат? Дали за сѐ што се бориме во животот е вредно за борба? Во ова тешко време треба да си подготвен за секаков предизвик што ќе ти го нанесе животот во секое време. Зошто луѓето кои се трудат и обидуваат да создадат нешто свое ги водат најсуровите битки во животот? Зарем не треба да го живееме животот онака како што ние сакаме, бидејќи секој човек има свои права и има право на слобода, нели? Толку ли е тешко човек сам да донесе некои одлуки без притоа да размислува за последиците? Дали одлуките кои сме ги донеле за да не повредиме некого теба да имаат најстроги последици? Милион прашања, ниту еден одговор.

Животот е толку сурово нешто што ако не се бориш за своето си никој и ништо. Зошто треба да внимаваме што ќе направиме, дали луѓето ќе не разберат погрешно или не? Животот е една тешка сложувалка која ако незнаеш како правилно да ги подредиш најситните делови ќе бидеш губитник кој ќе талка низ времето. Не на секој животот му е розов. Бојата зависи од нашите избори што ќе ги направиме и изборот на патот по кој ќе чекориме.

Секојдневно се соочуваме со најразлични проблеми. Животот секојдневно ни дава испити, бидејќи секој нов ден е нова лекција која ја учиме самите. Животот исто така е една голема игра во која треба да бидеш играч, а не играчка со која луѓето ќе можат да се играат. Ние самите бираме дали некому ќе бидеме играчка или ќе бидеме главниот играч што ќе ја води играта. Во животот не ви требаат многу пријатели бидејќи повеќето додека имаат корист ќе бидат покрај вас. Подобро е да имаме еден вистински пријател кој секогаш ќе биде покрај нас без разлика во каква ситуација ќе се најдеме во животот, отколку десет лажни кои при првата лоша работа што ќе ни се случи ќе не остават на цедило. Затоа внимателно бирајте кој ќе биде дел од вашиот живот.

Дали во денешно време постои вистинска љубов? Јас мислам дека постои, но во многу мал процент. Во тој мал процент спаѓаат луѓето на кои не им е важна финансиската и материјалната состојба, а љубовта ја гледаат од друга перспектива. На ваквите луѓе доволно им е партнерот да е до нив, да се почитуваат и да си веруваат еден на друг. Но во денешно време се повеќе наидуваме на оние кои се застапени во поголем процент. На нив им е поважно каква кола возите и дали вашата облека е брендирана, отколку вашиот карактер. Искрена и вистинска љубов во денешно време е се помалку застапена, но ако наидете на таква љубов не дозволувајте да ја изгубите. Затоа внимателно бирајте кој ќе ви биде сопатник во животот. Љубовта е прекрасно нешто што секоја поединка треба да ја почувствува. Исто така внимавајте и при изборот на пријатели бидејќи не секој може да ви биде пријател. Животот е една борбена игра во која ако не се бориш правилно ќе ја изгубиш битката и ќе бидеш само една обична фигура во изгубено време. Живејте го животот онака како што мислите дека е најдобро за вас без да размислувате какво мислење имаат другите за вас. И внимавајте што посакувате бидејќи често животот знае да не изненади и да ни ги исполни желбите. Сакајте, за да бидете сакани! Почитувајте, за да бидете почитувани! Внимателно бирајте по каков пат ќе чекорите низ животот.

Автор: Тамара Стоилкова