НАША СОГРАЃАНКА ОЧАЈНО БАРА ПОМОШ: ВО СМРТНА ОПАСНОСТ СУМ, А НИКОЈ НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО!

Вчера на социјалните медиуми се споделуваше трауматична фејсбук-објава, која е крик за помош на исплашена мајка. Таа очајно бара заштита од маж за кој тврди дека подолго време ја вознемирувал и напаѓал, а како што пишува во објавата, вечерва повторно упаднал во нејзиниот дом. 

loading...

Мајката пишува дека неколкупати го пријавувала овој човек, но за кратко тој повторно бил на слобода. Според напишаното, таа не се чувствува сигурно вечерва и смета дека е во смртна опасност.– „Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа.Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам.Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце???Замислете колку многу ми требало ова да го напишам!Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви а никој не ги штити.Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат.Во смртна опасност сум а никој не превзема ништо!“, стои во фејсбук-објавата.


loading...