На 5 ноември ги добивме информациите дека Русија се подготвува за инвазија на Украина

/

Сега се покажува колку беше битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, не само во Донбас, ние што сме овластени да ги примаме тие информации преку НАТО механизмите, ги добивме на 5 ноември минатата година, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека тоа е огромен бенефит со време да знаете во однос на резервите што ви се потребни во различни сектори, да знаете да се позициниорате ако ви треба.

– Она што е запрепастувачки односно која е таа сила, машинерија, кои се тие ресурси и сателитски и на земја, беше предвидено во однос на времето на напад, промашувањето беше само за три дена, пред четири месеци прогнозата. Во однос на обемот на операцијата дека ќе се напаѓа од овие три-четири магистрални правци, немаше никакво промашување, рече Пендаровски вечерва во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител, пренесува zoom.mk.



Наведе дека некои крупни разузнавачки сервиси во тоа време не веруваа дека е тоа точно, па проверуваа на свој начин, меѓутоа, подвлече, сега гледаме дека тоа се потврди како 100-процентно точна информација.

– Значи, влеговме во сојуз со држави што се најдобри на тој план во светот, истакна шефот на државата.

Претходна статија

Пендаровски се уште нема добиено предлози од владините партнери за амбасадорските места во Брисел и Вашингтон

Следна статија

Поранешен бугарски воен аташе во Лондон и Вашингтон е приведен за шпионажа во корист на Русија

Најново од Вести