ПРЕДЛОГ- ЗАКОНОТ ЗА ПОПИС НА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО

Законот денеска се најде пред пратениците, а го образложуваше замнеик министерто за правда Агим Нухиу. Тврдеше дека операцијата ќе се спроведе според највисоките стандарди на ЕУРОСТАТ, и нема да има можност за било какави измами.

loading...

Предвиден да се спроведе од 1 до 21 април годинава ќе се попишуваат сите државјани на Македонија без оглед дали се во земјава или странство. Потоа оние кои се во земјава со дозвола за престој но и лицата без државјанство. Државјаните пак кои се на привремена работа или престој во странство ќе може да се самопопишуваат уште од 1 март на посебна апликација која ќе се најде на веб страницата на ДЗС.

Законот предвидува дека кога граѓаните ќе ги даваат одговорите пред пописната комисија да презентираат соодветен документ од кој ќе може да се преземат идентификациските податоци за лицето. За отсутните членови на домаќинството, податоците ги дава полнолетен член на домаќинството на кого податоците му се најмногу познати, а за децата до 15 години, еден од родителите, посвоителот или старателот, врз основа на документацијата за нив.

Со пописот ќе биде опфатена и етничката припадност.

За оние кои ќе дадат лажни податоци ќе има казни. Со законот е предвидено глоба во износ од 200 до 300 евра да плати оној што ќе одбие да ги даде податоците што се бараат од него или ако даде неточни податоци.



loading...

На терен ќе излезат 5000 попишувачи и уште околу 500 контролори, а пописот ќе го правата на лаптоп компјутери и специјална апликација.

Доколку тие направат некакви малверации, им се заканува затвор до три години.