ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „ТАЛИР“
Судењето за предметот „Талир“, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 7 март поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски.
Како што информираше судијата Шабани, Димовски писмено го известил Судот дека е спречен да присуствува на рочиштето, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на заеднички состанок на комитетите, што ќе биде одржан од 17 до 22 февруари во Брисел.
