Денеска и утре во Битола и Скопје ќе се одржат информативни средби со кандидат студентите, кои сакаат да студираат во Бугарија
Денеска и утре во Генералното конзулство на Бугариja во Битола и во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе се одржат средби на претставници на Министерството за образование и наука на Бугарија и Извршната агенција за Бугарите во странство со кандидат студенти од РС Македонија, кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија.
Информативната кампања стартуваше денеска во Генералното конзулство на Бугарија во Битола.
Утре (14 мај) во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје кандидат студенти од РС Македонија, кои сакаат да го продолжат своето образование во Бугарија ќе можат да научат повеќе за студирањето во Бугарија преку директна средба со претставници на Министерството за образование и наука на Бугарија и Извршната агенција за Бугарите во странство.
„На вниманието на идните студенти! На 14 мај во Скопје започнува информативната кампања за високото образование во Република Бугарија. БКИЦ е домаќин на тековната информативна средба. Повеќе информации можете да добиете на 14 мај, од 10:00 часот, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје“, информираат од Бугарскиот културно-информативен центар.
Бугарскиот културно-информативен центар се наоѓа на ул. „Никола Вапцаров“ бр. 6 во центарот на главниот град.