EIC со информативен ден во Софија за стартапи, компании и истражувачи
Европскиот совет за иновации (EIC) ќе организира информативен ден во Софија на 29 октомври, соопшти Министерството за иновации и дигитална трансформација на Бугарија, пренесува БТА.
Настанот е наменет за претставници на стартапи, брзорастечки компании, истражувачи и компании што развиваат технологии со висока научна и инженерска сложеност.
Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со актуелните можности за поддршка во рамки на најголемата европска програма за финансирање иновации.
За време на информативниот ден ќе биде претставен целосен преглед на можностите и инструментите што ги нуди Европскиот совет за иновации.
Во рамки на настанот се предвидени и средби со основачи на компании, истражувачи, инвеститори и со тимовите што управуваат со програмите.
Од Министерството посочуваат дека информативниот ден е соодветен и за компании од Бугарија и регионот кои развиваат таканаречени deep tech технологии со високо ниво на научна и инженерска сложеност.
