ОПАЃА БРОЈОТ НА МАКЕДОНСКИ АЗИЛАНТИ ВО ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ

///

Европската Канцеларија за поддршка на азил изјави дека во последните шест месеци се забележува значителен пад на бројот на барања за азил на лица со потекло од Македонија во земјите на Европската Унија. На пример, додека во јануари годинава 480 македонски државјани побарале азил во Европа, во јуни нивниот број двојно опаднал – 276.

ЕКПЗ не ги истражува причините за оваа појава; ниту пак коментира за основите врз основа на кои лицата бараат азил, но информира дека во Германија е забележан највисокиот број барања за азил од Македонија.

Падот на барањата за азил бележи постојан тренд, особено во споредба со изминатите години. Од „азилантската криза“ и лавината барања по ослободувањето од визниот режим, кога илјадници македонски државјани бараа азил во земјите на ЕУ, бројот на баратели на азил само за изминатата 2017 година е се уште прилично висок: во месец март дури 920 македонски државјани побарале азил во ЕУ, додека најниска бројка е во месец септември со 411 барања.

За среќа, „лидер во регионот“ по бројопт на барања за азил воевропските земји не сме ние туку Албанија, а најпоакуваната дестинација на албанските државјани е Франција, каде 12,129 лица побарале азил. Само во првите шест месеци од 2018 година албанските државјани биле во првите десет земји кои барале азил во Белгија , пред Еритреа и Конго



 



Претходна статија

ЛУКАКУ ПРОЗВАН ПОСЛЕ ПОРАЗОТ ОД БАЕРН МИНХЕН

Следна статија

НА САШО МИЈАЛКОВ МУ Е УКИНАТО ПОЛИЦИСКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Најново од Вести